СКСЗМ во средба со новиот Mинистер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Делегација на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија на чело со Претседателот г-дин Неби Хоџа оствари средба со г-дин Арјанит Хоџа, новиот Mинистер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овие состаноци се претворија веќе во традиција, со единствена цел да се зголеми соработката помеѓу државните институции и бизнис заедница. СКСЗМ му честита на министерот за новата функција и исто така верува дека соработката ќе продолжи и понатаму. Заедничката земјоделска политика во Европската унија опфаќа околу 40% од буџетот на Европската Унија и исто претставува една од најважните развојни сегменти на економијата во Република Северна Македонија. Таа учествува во државниот БДП со 11%. Исто така, во оваа средба се разговараше и за точките од Економската Платформа за развој на Северна Македонија подготвена од страна на Комората и што може да се реализира од истата за да и се помогне на бизнис заедницата во оваа многу важна област за нашата земја и уште повеќе да се олеснат потешкотиите со кои се соочува економијата и оваа област од пандемијата КОВИД-19.