СКСЗМ во средба со компании од угостителскиот сектор

Пандемијата Ковид-19 е глобална несреќа што ја погоди и нашата земја. Поради ризикот што го носи врз здравјето, економијата на земјата од почетокот на пандемијата „Ковид 19“ неколку месеци беше целосно затворена.

СКСЗМ како институција која е суштински формирана за да ја помага и унапредува деловната клима, во текот на целиот кризен период, внимателно ја следеше ситуацијата и паралелно даваше свои предлози кон Владата и другите релевантни институции, со цел тие да ги направат потребните чекори за ублажување на негативните последици што економијата почна да ги чувствува.

Претседателот г-дин. Неби Хоџа со други претставници на СКСЗМ, денес оддржа состанок со компании од угостителскиот сектор, сектор кој за разлика од другите, сè уште не е ослободен од ограничувањата и продолжува да се продлабочува во криза.

Целта на оваа средба беше нашата институција подетално да се информира за проблемите на овој сектор, со цел да работи на создавање услови за работа и подобрување на моменталната состојба.

СКСЗМ и понатаму ќе продолжи да придонесува кон прилагодување на деловниот сектор кон новата реалност и ублажување на создадената штета. СКСЗМ има за цел да стане водечка организација во застапување на интересите на деловните субјекти и создавање погодна средина за развој.