СКСЗМ во работна средба со ДУИ

Стопанската комора на Северо-Западна Македонија одржа работна средба со раководството на Демократската унија за интеграција, на која беа претставени економските платформи од двете страни. На оваа средба беа присутни претседателот на СКСЗМ г. Неби Хоџа и други членови на Управниот одбор, додека од ДУИ присутни беа претседателот Али Ахмети заедно со министри и кандидати за градоначалници на овие избори.
Целта на состанокот беше да се слушнат потребите и барањата на бизнисот со цел тие барања да се интегрираат во платформите на политичката партии, во овој случај платформата на ДУИ.

СКСЗМ продолжува да ги штити интересите на бизнисот во земјата, лобирајќи и инсистирајќи за правата на бизнисот како столб на општеството во земјата да бидат земени предвид и да се создаде поволна клима за водење бизнис.