СКСЗМ во работна средба со Агенцијата за примена на јазикот

Оваа агенција има мисија да помогне практично во спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во државните институции во целосна согласност со законските одредби, водејќи сметка за јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Оваа агенција е подготвена да им помогне на членките на Комората да го обединат јазикот во употребата на различни документи.

СКСЗМ високо ја цени соработката со државните институции и агенции кои помагаат во подобрувањето на деловната клима и благосостојбата на бизнис заедницата.