СКСЗМ во посета кај првиот заменик премиер за Политички Систем
Делегација од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија предводена од претседателот г-дин, Неби Хоџа се состана со г-дин Артан Груби, првиот заменик премиер за Политички Систем. На оваа средба присуствуваа и г-дин Крешник Бектеши-Министер за Економија, г-дин Насер Нуредини-министер за животна средина и просторно планирање и г-дин Фатмир Бесими-Министер за Финансии.
Целта на овие состаноци е да се откријат проблемите на деловниот сектор и да се предложи решение за истите во духот на соработката. Посебен акцент беше ставен на економските пакети, каде економските ресори искажаа благодарност и подготвеност за соработка за тоа што голем број мерки доаѓаат како резултат на предлозите на СКСЗМ.
Преку оваа средба, СКСЗМ му честита на министерот за новата функција и исто така верува дека соработката ќе биде континуирана, со цел да му се помогне на деловниот сектор во овој многу тежок период од социјален и од економски аспект.