СКСЗМ – РСМ во извештајот на Глобалниот Индекс на Конкурентноста (GCI) кој се спроведува од страна на Светскиот Економски Форум(WEF)

09 Октомври 2019 – Променливата природа на економската конкурентност во светот каде постојано се истакнуваат нови технологии, создавајќи нов предизвик за бизнисите и владите, кои на колективен начин се изложени на опасноста на негативното влијание врз економскиот раст и продуктивност. Ова е главното прашање кое може да се забележи во извештајот на Глобалниот Индекс на Конкурентноста од Светскиот Економски Форум (WEF), кој беше објавен денеска. Врз основа на извештајот кој користи методологија во која целосно се вклучени факторите за целосно да ја опфатат динамиката на глобалната економија во Четвртата индустриска револуција, многу фактори кои ќе имаат најголемо влијание во конкурентноста во иднина не биле во фокусот на најважните политички одлуки во минатото. Ова вклучува генерирање на идеи, претприемачка култура, отворен пристап и умешност.

Во извештајот за 2019 година има податоци за 141 економија  кои преку 103 индикатори се организирани во 12 столбови. За секој индикатор, користејќи скала за оценување од 0 до 100, се искажува за тоа како една економија би можела да се појави во својство на “идеална држава” или се ограничува во областа на конкурентноста. Од ова произлегува заклучок дека за секоја држава анализирана во овој извештај постои простор за подобрување. Од тоа што произлегува од извештајот може да се примети дека стагнацијата на повеќето држави се случува во областа на иновациите. Справувањето со Четвртата индустриска револуција претставува фактор кој одлучува за конкурентност. Со овој извештај, Светскиот Економски Форум одразува како економиите на државите реагираат кон глобалните промени.

Стопанската Комора на Северо-Западна и оваа година се појавува во својство на институционален партнер на Светскиот Економски Форум (WEF), која има помогнато во спроведувањето на овој важен извештај кој не запознава со релевантните податоци кои ја оценуваат конкурентноста, продуктивноста и просперитетот на државите. Според податоците, Р. Северна Македонија се рангира некаде на средината во генералниот распоред, додека за земјите од Европа е претпоследна. Извештајот за 2019 година е транспарентен и претставува вистинска слика за Р. Северна Македонија, бидејќи се заснова на реални податоци преку бројни анкети и истражувања направени од страна на СКСЗМ. Така, може да се добие реален впечаток за фактичката состојба која е присутна во нашата земја. Глобализацијата и иновациите несомнено ќе бидат секогаш поттикнувачи на државата за да се постигне подобра благосостојба. Тука огромно влијание имаат клучните креатори на политики кои ќе влијаат на развојот и напредокот на државата, помагајќи и во многу области, преку кои ќе се постигне безбедно соочување со новите глобални економски трендови и во сите други сфери.

Во извештајот од 2019 година, Р.С.М. беше рангирана на 82-то место од 141 земја, во споредба на предходната година каде што беше рангирана 84-та во Индексот на Глобална Конкурентност. Она што е загрижувачко за првиот столб каде се Институциите, Македонија е рангирана на 85-то место, што укажува дека бизнисот има институционални тешкотии во неговото функционирање. Исто така, во вториот столб – Инфраструктура, што е многу важно за здрава економија, нашата земја е рангирана на 75-то место (во 2018-80-, што покажува дека барањата на СКСЗМ за реализирање на капитални инвестиции во инфраструктурата се повеќе од важни.

Друг многу важен аспект за економиите е и квалитетното образование и обука на работната сила, каде С.Р.М. е рангирана на 83-то место, додека во под-столбовите со кои се оценува квалитетот на стручното образование е рангирана на 131-то (2018-130) место, со што повторно се докажува дека во нашата земја недостига соодветна работна сила, односно работна сила која одговара на барањата на пазарот.

Финансискиот систем според овој извештај, покажува дека Р.С.М. е рангирана на 83-то место (2018-80), додека поддршката на локомотивата на економијата, имено, малите и средните претпријатија со кредити е рангирана на 115-то (2018-114) место, индикатор со кој се потврдува неможноста за пристап до финансирање за МСП.

Додека, позитивна оцена или резултат претставен според овој извештај, има во четвртиот под-столб – инфлација, односно одржување на позитивна стапка на инфлација, каде Македонија го дели првото место со 88 други држави.

И покрај фактот дека овогодинешните рангирања се  подобри во однос на претходната година, извештајот е повторно вознемирувачки затоа што Северна Македонија слабо рангира во инфраструктурата (место 75), Квалитет на образованието и квалификација на работната сила (место 83), финансискиот систем (место 83), оправдувајќи ја уште еднаш загриженоста на СКСЗМ и барањата за капитални инвестиции.