СКСЗМ: Општествено одговорна Комора
21.07.2021 – Денеска во просториите на СКСЗМ се одржа работен состанок помеѓу претставници на Комората и претставници на УСАИД Северна Македонија.
На оваа средба, делегацијата составена од новоизбраниот директор на Канцеларијата на УСАИД за генерален развој, г-ѓа. Даун Кармин и г-ѓа. Наташа Булеска, специјалист за образование и медиуми, имаа можност да се запознаат одблиску со работата и мисијата на Комората, фокусирајќи се на нејзините активности и програмата за општествена одговорност на бизнисите.
УСАИД Северна Македонија отсекогаш ја поддржувала СКСЗМ и оваа соработка ќе продолжи во ист дух во остварувањето и исполнувањето на заедничките цели на двете страни.
СКСЗМ, како докажана комора со општествена одговорност, секогаш ги заштитува интересите на бизнисите, , кои континуирано придонесуваат за подобрување на социјалната благосостојба во земјата и пошироко.