СКСЗМ-Новата влада да го приоритизира економскиот аспект
Денеска се одржа состанок меѓу Стопанските Комори и новата партија на власт СДСМ. На оваа средба се презентираше програмата на новата Влада и следните чекори за помош на економијата и другите важни аспекти на земјата, особено во овој период на криза од пандемијата коронавирус.
Г-дин Неби Хоџа во име на СКСЗМ, на новата влада и посакувае успех, и повикува во наредните 4 години да се приоритизира економскиот аспект, со цел да се излезе од настаната ситуација поради пандемијата, да се работи на институционални реформи, транспарентност на финансиските трошоци на институциите, ефикасно менаџирање на буџетот, борбата против корупцијата, спречување на миграција на младите, рамномерниот регионален развој и ставејќи акцент во понатомашната сооработка меѓу Стопанските Комори во земјата и Владата.