СКСЗМ: Ние сме за покачување на платите и зголемување на куповната моќ

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија велат дека покачувањето на платите треба да биде природен ефект на економскиот раст и развој.

„СКСЗМ ја поздравува ова иницијатива, но треба да се има претпазливост во начинот на кој ќе се изврши ова покачување на минималната плата. Нашата комора беше нај гласна за претходното покачување на минималната плата и продолжуваме со истиот став. Иако ова ќе биде товар врз компаниите, со истото ќе се зголеми куповната моќ, ќе придонесе во намалување на миграцијата на младите, и со зголемување на платите ќе се стимулира работната сила“, велат од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Целосната изјава може да ја најдете во долунаведениот линк:
https://rabotnik.com.mk/%d1%81%d0%ba%d1%81%d0%b7%d0%bc-%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d1%81%d0%bc%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%ba%d0%b0%d1%87%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5/?fbclid=IwAR0DzIBzZOrdOuG4B9rayTCp33kHQpKAtGVveaVkpKlQOIedoyKu9pkttKU