СКСЗМ- Крајот на успешната година се означува со прослава и благодарници
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија организираше новогодишна прослава во Дебарските Бањи-ЦАПА.
Освен тоа, СКСЗМ високо го цени придонесот на оние што ја пружаат раката за другите, и ја искористивме оваа можност јавно да им се заблагодариме на сите компании што помогнаа со нивните донации за катастрофата во Република Албанија, доделувајќи благодарници до претставниците на деловните субјекти кои придонесоа без резерва.
СКСЗМ продолжува и понатаму да претстави институција што ќе им служи на своите членови, ќе ја стимулира соработката и ќе ја подобри интеракцијата меѓу нив и ќе влијае на подобрувањето на условите за водење бизнис.
СКСЗМ на сите им ја честитат Новата Година 2020, да биде година на колективен, социјален успех.