Република Албанија искажува благодарност за СКСЗМ
Денес амбасадорот на Република Албанија во Северна Македонија ја посети Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија за да им се заблагодари на компаниите-членки на Комората, кои се покажаа хумани и помогнаа во неодамнешниот трагичен земјотрес што ја погоди Република Албанија и предизвика многу материјални штети и штета на луѓе.
Од страна на Амбасадата со голема почит и благодарност се доделија благодарници до сите тие шти придонесоа.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, заедно со нејзините членови, ќе продолжат да ја подигнуваат општествената одговорност и во секој момент да бидат подготвени за поддршка.