Home / Вести / Прес / Реакција од СКСЗМ во врска со одложувањето на процесот на попис

Реакција од СКСЗМ во врска со одложувањето на процесот на попис

Реакција од СКСЗМ во врска со одложувањето на процесот на попис

01.04.2021, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија како релевантна институција во земјата, која ги промовира и штити интересите на бизнис заедницата, има за цел да создаде поволна клима и амбиент за водење бизнис. Соработката со сите државни институции е взаемна и на високо ниво во рамките на целите за подобрување на економијата во земјата.

Согласно својата мисија, СКСЗМ изразува загриженост за создадената состојба, поточно за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година, кој се наоѓа на собраниска седница, кој цели кон одложување на пописот.

СКСЗМ смета дека секоја правна иницијатива што би значела одложување на овој процес треба веднаш да се запре. Пописот на населението и домаќинствата како процес на статистички податоци претставува една од пречките и аномалиите на макроекономското планирање и воопшто на економскиот развој. Овој процес беше политизиран во минатото и економскиот развој беше заложник на овие случувања.

СКСЗМ, како институција со докажана општествена одговорност, секогаш ги поддржувала мерките на Владата за заштита на јавното здравство, но образложението на овој закон поврзано со потребата за колективна имунизација не е доволна, бидејќи таа потреба не се појави денес, туку настана како така од моментот на откривањето на вакцината. Во овој поглед, Владата не докажа капацитет за колективна имунизација, како што направија земјите од регионот.

Планот за спроведување на пописот во септември не гарантира дека дотогаш ќе имаме подобра епидемиолошка слика и, следствено, друг бран на инфекции. Апелираме до Собранието овој важен статистички процес за економијата на земјата да продолжи и да не се одложува, при што треба да се почитуваат сите здравствени протоколи за заштита на населението.

 

Служба за информирање

СКСЗМ