Реакција – Имунизација, капитални инвестиции и петтиот пакет клучен за надминување на кризата
06.04.2021, Скопје – Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, како институција која ги штити деловните интереси на бизнисите во земјата, продолжува со своите напори на давање предлози и насоките што треба да ги преземат институциите, со цел да се подобрат условите за водење бизнис како предуслов за економски раст и развој на земјата.
Помина повеќе од 1 година откако нашата земја влезе во списокот на земји погодени од вирусот Ковид 19, и оттогаш беше подложена на создадените околности кои подоцна беа проследени со социо-економска криза. Вчерашната одлука за продолжување на полицискиот час и затворање на некои деловни сектори е доказ за кризата во која се наоѓаме и за големите последици што ја очекуваат економијата на земјата.
Со оглед на состојбата со пандемијата на глобално и регионално ниво, ние како Комора проценуваме дека управувањето со кризата се развива со многу бавно темпо во споредба со другите земји во регионот, како во смисла на обезбедување вакцини, и како последица на тоа имунизација, како и аспектот на стимулирање на бизнисите.
Со оглед на сензитивноста на домашната економија, нејзината зависност од странските пазари, се јавуваат многу проблеми во економијата, со посебен акцент на конкурентноста на домашните компании, па затоа колективната имунизација е првиот чекор кон посигурен излез од оваа криза.
Според официјалните податоци, бројот на вакцинирани во РСМ е приближно 9000 особи, што претставува само 0.45% од населението. Земјите од регионот напреднаа повеќе во оваа насока, каде обезбедија значителен број вакцини, а некои од тие дури постигнаа и имунизација на над 15% од населението.
СКСЗМ смета дека во приоритетните категории за вакцинирање треба да се вклучат и бизнисите, како столб на општеството и економијата во земјата, кои го претставуваат мнозинството на вработени и придонесуваат за економската и финансиската стабилност на државата.
Со цел да се врати економската активност, државата треба да ги стимулира секторите кои имаат потенцијал за економски развој, а пред се, капиталните инфраструктурни проекти. Доколку се повикаме на официјалните податоци, има многу ниска стапка на реализација на капиталните расходи, кои достигнуваат само 10,18% од средствата предвидени во буџетот. Од планираните 394 милиони евра, реализирани се само 40 милиони, кои за жал не се трошоци од развоен карактер, туку претставуваат фиксни трошоци на соодветните институции. Доколку продолжи овој тренд и обем на капитални инвестиции, крајот на 2021 година ќе биде меѓу најслабите во економска смисла, бидејќи би достигнале стапка на реализација од над 40% од планираните средства.
Имајќи го во предвид фактот дека ние како држава имаме многу инфраструктурни проекти кои не се реализирани во текот на годините, кои покрај стратешкото значење, претставуваат можност за правичен регионален развој и ревитализација на многу компании во различни сектори. Реализацијата на овие проекти со забрзана динамика значи обезбедување ликвидни средства за компаниите кои се погодени од кризата, зачувување на работните места и интензивирање на деловната активност.
Ја потсетуваме Владата за проектите што ги има во својата програма, но ги нема исполнето, како што се автопатот Скопје-Блаце, реализацијата на пан-европскиот коридор 8 и отворањето на царинскиот терминал во Јажинце со соодветна инфраструктура. Овие проекти на краток рок ќе ја стимулираат економската активност, додека на среден рок, ќе ја зголемат трговската размена со земјите од регионот.
Со цел да се ублажат ефектите од кризата врз економијата на земјата, СКСЗМ апелира до владините институции:
- Да се дадат јасни инструкции за движење за време на продолжениот полициски час, за вработените кои работат во смени;
- Да се обезбеди значителен број на анти-ковид вакцини за сите возрасни групи;
- Бизнисот да се стави на приоритетната листа за имунизација, како начин да се избегне било каква друга економска криза;
- Градење на капацитети за имунизација со цел да се овозможи побрз излез од кризата;
- Реализација на најмалку 80% од капиталните инвестиции, со посебен акцент на инфраструктурните проекти кои ќе ја ревитализираат внатрешната економија на земјата;
- Да не се блокира носењето на петтиот пакет мерки, со цел да се помогнат компаниите, особено во овој период на затворање на некои сектори и продолжувањето на полицискиот час.
Служба за информирање
СКСЗМ