Реакција-Загриженост за сигурноста во Скопје

19.05.2020 – Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија искажува длабока загриженост за безбедносната состојба во земјата, особено во врска со вооружениот грабеж во Сарај, Скопје, што се случи синоќа, при што ограбеното лице претрпе загуба од 2 милиони денари. Имајќи предвид дека сме во период на глобална пандемија на коронавирусот COVID-19, нагласуваме дека спокојноста и безбедноста на животот на граѓаните, како и одржувањето на јавниот ред и мир, се еден од најосновните и најважни услови кои треба да бидат загарантирани од страна на државата и државните институции.

Од таа причина, бараме од институциите надлежни за одржување на редот соодветно и навремено да превземат чекори кон сузбивање на криминалните случаи, како и на вооружените банди кои оперираат во земјата, работа која ќе придонесе воспоставување на нормален тек на работите, каде граѓаните ќе се чувствуваат и истовремено ќе бидат побезбедни. Од друга страна бизнис заедницата ќе има можност за тековно и редовно водење на бизнис, oсобено сега во време на пандемијата кога сите бизниси се наоѓаат во незавидна ситуација.

Апелираме до надлежните институции да преземат безбедносни мерки и активности, согласно соодветните оперативни планови за работа, и воедно сакаме да ја искажеме нашата подготвеност да помогнеме во изградба на институционален механизам за превенција и казнување на секаков вид насилство кој го загрозува работењето на нашите членки. Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија во интерес на бизнис заедницата се ангажира кон зајакнување на соработката со државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина. Како клучно прашање во овој период се наметнува и потребата за бизнисите да имаат доверба и да се обратат до државните институции за помош.