Промоција на ESG практиките
Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со Трговско-индустриската комора – Косовоорганизираше обука на тема „Промоција на ESG (Животна средина, Општество и управување) практиките во Западен Балкан“.
Оваа обука, дизајнирана за да ги опреми бизнисите, невладините организации и академските институции со потребните знаења и алатки за ефективна интеграција на ESG принципите во нивното работење, опфати клучни теми како што се ESG стандардите, извештаите, управувањето со ризици и идентификацијата на можности за одржлив развој на бизнисот.
Учесниците беа запознаени со регулаторните рамки, процесот на известување и управување со ризиците според најдобрите ESG практики. Покрај теоретските сесии, беше изведена и практична демонстрација на софтверски решенија за ESG, при што беа презентирани конкретни алатки за прибирање, анализа и известување на податоците.
Оваа обука исто така претставуваше вредна можност за вмрежување, овозможувајќи размена на идеи и соработка помеѓу бизнисите заинтересирани за поодржлив пристап во нивното работење.
Проектот е поддржан од Европската комисија преку Фондот за Западен Балкан.