Промовирање на Новогодишната кошничка – Поддршка за потрошувачите за време на празничниот период
05.12.2024 година, Скопје – Претседателот на Стопанската комора на северо-западна Македонија, г. Mendi Qyra, учествуваше на состанокот на Владата за промовирањето на Новогодишната потрошувачка кошничка. Оваа кошничка вклучува избор на прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, предложени од производителите и трговците, кои ќе им бидат понудени на граѓаните, а се листирани повеќе од 600 артикли по ниски цени за време на празничниот период од 15 декември до 15 јануари.
На оваа средба говореа највисоките претставници на владата, каде премиерот г. Мицкоски во својот говор ја поздрави иницијативата на стопанските комори и стопанствениците во земјава, кои со оваа мерка ќе им помогнат на граѓаните и ќе придонесат за забавување на инфлацијата.
Присутни беа и претседателите на стопанските комори, а во својот говор г. Mendi Qyra нагласи дека членовите на СКСЗМ доброволно ја поддржале оваа иницијатива, предлагајќи намалување на цените за голем број производи. Списокот со предлози е веќе доставен до Министерството за економија и труд. Тој истакна дека интервенцијата на државата на пазарот не е во согласност со принципите на пазарната економија. Сепак, за справување со предизвиците како што е инфлацијата, државата може да користи механизми како што се даночни олеснувања, царинска стапка и акцизи, како и стратешки инвестиции во развојот и растот на домашната индустрија. Сепак, бизнисите ќе бидат подготвени да ја играат улогата на партнер со владата, секогаш кога тоа ќе им се побара, но и кога ќе бидат третирани како такви.
Меѓу другото, министерот за економија и труд, г. Дурмиши нагласи дека по подолг период е постигнат договор со бизнис секторот, за создавање на оваа новогодишна кошничка.
Претседателот на СКСЗМ зборуваше и за „Унгарскиот кредит“ кој како мерка е позитивно оценет од бизнис заедницата и дека треба да послужи како модел за наредните години, со цел да има ефективни економски мерки со директно влијание.