Продолжува реализацијата на месечните состаноци во рамките на Платформата за Јавно-Приватен Дијалог
Денеска во просториите на Владата, се оддржа средба во рамките на Платформата за Јавно-Приватен Дијалог, каде присутни беа високи претставници на СКСЗМ и на другите Стопански комори во земјата и Заменик Претседателот на Владата на РСМ, задолжен за економски прашања г-дин Фатмир Битиќи.
На состанокот се дискутираше за различни прашања што влијаат врз бизнисот и економијата воопшто, меѓу кои и статусот на формирање на комитет за туризам во рамките на Министерството за економија, законот за работни односи – Министерство за труд и социјална политика, парафискалните давачки и нивното елиминирање како и други теми од слична важност.
СКСЗМ ја продолжува својата активност со основна цел да ги заштити и унапреди деловните интереси на членството и пошироко.