Претседателот Qyra се сретна со амбасадорот на Словенија во РСМ, Неговата Екселенција г. Прескер –Се дискутираше за економските перспективи
3 февруари 2025, Скопје – Стопанска комора на северо-западна Македонија одржа средба со амбасадорот на Словенија во Република Северна Македонија, Неговата Екселенција г. Грегор Прескер, со фокус на продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.
На средбата беа дискутирани можностите за соработка со цел зајакнување на трговските односи и создавање нови можности за бизнисите од двете земји. Претседателот Qyra ја истакна проблематиката со работната сила во РСМ, вклучувајќи и иницијативите што ги презема СКСЗМ за реформи кои ќе помогнат во задржување на работната сила во земјата, преку зголемување на минималната плата и намалување на придонесите, но и преку други мерки.
Неговата Екселенција г. Прескер нагласи дека и Словенија се соочува со проблеми во однос на работната сила, но како резултат на зголемената економска активност во земјата. Исто така, тој изрази подготвеност за остварување плодна соработка со Стопанската комора на Словенија, со цел создавање нови мостови на поврзување меѓу бизнисите од двете земји.
Северна Македонија и Словенија споделуваат многу демографски сличности и имаат долга историја на економска соработка. Словенија е еден од клучните трговски партнери на Северна Македонија што се однесува на земјите на Европската Унија, со трговска размена од 277 милиони евра во периодот јануари-ноември 2024 година.
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија продолжува да биде значаен фактор во застапувањето на интересите на бизнисите и промовирањето на меѓународната соработка.