Претседателот на настанот Christmas Talks “Посакуваните резултати може да се постигнат само со сеопфатна соработка и инвестирање во во квалификувана работна сила”
23.12.2024 – Хајделберг Институт за бизнис и менаџмент заедно со Германската високообразовна установа – Хајделберг Факултет во Скопје и Академијата за банкарство и информатичка технологија го организира по петти пат „CHRISTMAS TALKS with HEIDELBERG & CHAMBERS”, но оваа година за прв пат заедно со Стопанските Комори во Северна Македонија.
Дел од панел-дискусијата беше претседателот г. Qyra и потпретседателот на Сојузот на стопанските коморите, г. Ѓорѓиевски на тема “Евтин кредит за бизнисот – Перспективи и предизвиците.
За време на разговорот, претседателот Qyra истакна дека високите каматни стапки имаа значително влијание врз економијата во последните три до четири години. Со камати кои достигнуваа 5%, 6% или дури 7%, бизнисите се соочија со сериозни предизвици за обезбедување финансии и покривање на трошоците. Кризата во Украина дополнително ја влоши ситуацијата, зголемувајќи го товарот врз економијата.
Исто така, г. Qyra го потенцираше и ниското ниво на продуктивноста, сметајќи го како еден од главните предизвици со која се соочуваме денес. “Работниците бараат повисоки плати, а како бизнис заедница, во наш интерес е тие да добиваат подобра компензација. Во моментов, приватниот сектор брои околу 550 илјади вработени, а целта е да создадеме услови кои ќе им овозможат подостоинствен живот. Но, потребно е да се најде рамнотежа: за да се зголемат платите, треба да се зголемат и продуктивноста и сериозноста во работата.“
На крај, претседателот Qyra потенцираше дека посакуваните резултати можат да се постигнат само со сеопфатна соработка. Институциите имаат незаменлива улога во обезбедувањето квалитетно образование и формирање квалификувана работна сила. Предизвиците, како недостигот на квалификувана работна сила, се голем проблем не само во Македонија, туку и во регионот. Со адресирање на овие проблеми и со инвестирање во нашите човечки ресурси, можеме да обезбедиме посветла иднина за нашата економија.