Претседателот на СКСЗМ, Mendi Qyra во дебата на МРТ: Буџетот за 2025 година прифатлив за бизнисите, ја поддржуваме борбата против сивата економија.
Присуствувајќи на дебатата со премиерот Христијан Мицкоски организирана на МРТ, претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), Мendi Qyra, изјави дека буџетот на Владата за 2025 година е задоволителен и ќе помогне на бизнисите доколку се спроведе според предвидувањата.
„Сметаме дека буџетот оваа година повеќе ќе придонесе за бизнис секторот, особено во капиталните инвестиции, каде гледаме поголеми профити и ангажман на нашите компании. Капиталните инвестиции во буџетот се зголемени за 13% според проекциите, а се предвидени околу 820 милиони евра. Се надеваме дека овие капитални инвестиции ќе бидат реализирани. Исто така, нè радува фактот што поголемиот дел од овие средства се наменети за многу значајни инфраструктурни проекти за бизнисот. Гледаме 130 милиони евра за Коридорот 8, делницата Тетово – Гостивар – Букојчани и за автопатот Требениште – Струга – Ќафасан, кои се значајни проекти“, изјави претседателот Меndi Qyra.
Тој истакна дека Владата заедно со бизнисите има капацитет да направи повеќе, особено во борбата против сивата економија, која достигна стапка од 38%. Претседателот на СКСЗМ нагласи дека доколку се реализираат најавите за буџет од 250 милиони евра за бизнисот и дополнителни 250 милиони евра за општините, веднаш ќе се стабилизира банкарскиот пазар.
„Фактот дека по ‘Ковид-19’ во Северна Македонија имавме високи каматни стапки од 5%, 5.5%, 6%, 7% и повисоки, кои беа голем товар за бизнисот, и според она што го знаеме, оваа кредитна линија не е за било какви инвестиции. Според информациите што ги имаме, се однесува на машини за производство во фабрики, деловни објекти и инвестиции за лична употреба. Ние бараме проширување на опфатот на оваа линија, особено во делот на туризмот, каде што сметаме дека навистина има потреба. Колегата рече дека доаѓаме од Струга и Охрид, места што имаат потреба од инвестиции во хотелиерството и капацитетите. Во текот на летото имаме дефицит на соби во целиот тој регион и Владата треба да им овозможи, преку кредитната линија, на оние кои сакаат да инвестираат. Исто така, патот од Кичево до Струга и Охрид треба да се забрза и да се заврши до 2025 година, а да не остане за 2026“, рече Претседателот на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, Меndi Qyra.