Претседателот на СКСЗМ ја посети дијаспората во Германија за да разговара за економските случувања и можностите за соработка

Претседателот на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, г. Mendi Qyra, заедно со почесниот претседател, г. Џемаил Даути и членовите на Комората одржаа средба со сонародниците претприемачи во Германија.
За време на разговорот, се дискутираше за теми кои директно влијаат на економскиот развој на Северна Македонија, вклучително и иницијативите што СКСЗМ ги презеде за подобрување на релациите за економска соработка помеѓу локалниот и меѓународниот бизнис. Претседателот и се заблагодари на дијаспората за континуираната поддршка и за нивната клучна улога во развојот на локалната економија, изразувајќи благодарност за нивниот придонес низ годините.
СКСЗМ работи во насока на поттикнување на мергата да придонесуваат за нашата земја преку инвестиции, а не само со класични дознаки, со што ќе се испита секоја можност и бенефит што постои кај нас, да им биде на располагање на мергата.