Претседателот на СКСЗМ учесник во панел дискусијата „Јавни и приватни инвестиции и конкурентноста“

Денес, претседателот на СКСЗМ беше панелист на првата годишна конференција на Министерството за финансии на тема „Економско закрепнување и раст по КОВИД“ на која се дискутираше за Јавните и приватните инвестиции и конкурентноста.

Во својот говор, претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа, нагласи дека приватниот сектор докажа дека нивната улога е клучна во тешките и турбулентни периоди како што е кризата КОВИД-19. Нашите бизниси докажаа дека имаат храброст и со одговорност се справуваат со кризата во клучните моменти за нашата земја, инвестирајќи во периодот кога сите мислеа дека не е вистинското време. Тој додаде дека нивната професионалност и знаење им овозможува  на бизнисите да се соочат со  било каква пречка, без оглед на природата на предизвикот.

На оваа конференција, говорници и панелисти беа истакнати личности од бизнисот и политиката пред кои претседателот Хоџа ги посочи своите идеи и ставови во одбрана на деловните интереси на членството и пошироко.