Претседателот на СКСЗМ панелист на конференцијата „Бизнис без корупција“
Претседателот на СКСЗМ, г-дин Неби Хоџа, денес учествуваше на конференцијата Бизнис без корупција, на тема Деловно опкружување без корупција: Колективен пристап и мотивација.
Ефектот на корупцијата врз бизнисот и економијата е мулти димензионален – зголемување на нелојалната конкурентност, слабеење на квалитетот на конкурентноста на компаниите, немање јасна слика од конкуренцијата, елиминација на квалитетниот кадар, привлекува не реални инвестиции итн.
Тој изјавува дека треба да се зголеми свесноста за тоа што е и како се идентификува корупцијата.
Бизнис заедницата како главен двигател на економијата, која го вработува повеќето од вработените во земјата, сметам дека со подобрување на условите за водење и правење бизнис, ќе придонесе уште повеќе кон искоренувањето на оваа појава. Затоа нашата комора во новата 4 годишна стратегија, како стратешки цели ги има определено правилното спроведување на законодавството како предуслов за владеење на правото, и формализирање на неформалната економија, како и промовирање на претприемништвото, иновации и зајакнување на домашната и регионалната конкурентност и друго.
Државниот апарат ќе треба во соработка со бизнис заедницата , со цивилниот сектор и сите други општествени сегменти, да соработува додека да се постигне ниво во кое што сите ќе имаат исти услови и шанси за водење бизнис и вработување.
Според Индексот за перцепција на корупцијата на трансперенси интернешнл, може да се примети дека кај земјите каде ова појава е почеста и по истакната, имаат и послаба економија но и голема стапка на невработеност.