Денес се одржа церемонијата на примопредавање на функцијата Ректор на Универзитетот, при што функцијата му беше предадена на проф. д-р Беким Фетаји.
Присуството на претставниците на СКСЗМ на оваа настан ја нагласува важноста што Комората и посветува на соработката меѓу високото образование и приватниот сектор.
СКСЗМ продолжува да ги поддржува иницијативите што имаат за цел создавање на професионален кадар подготвен според потребите на пазарот на трудот и економските развојни трендови.
По тој повод, Претседателот Qyrа и Директорот Зекири му посакаа успех на проф. д-р Фетаји во новата функција како Ректор, изразувајќи ја подготвеноста за продолжување на соработката во области од заемен интерес како што се развојот на човечкиот капитал, иновациите и зајакнувањето на врската меѓу академската заедница и бизнис секторот.
СКСЗМ останува посветена на поддршката на иницијативи кои придонесуваат за унапредување на образовниот систем и економскиот развој на земјата.





