Претседателот на СКСЗМ, г. Mendi Qyra, официјална посета со Aмбасадорот на Албанија во Северна Македонија, г. Денион Меидани
Претседателот на Стопанската Комора на Северо Западна Македонија, г. Mendi Qyra беше во официјална посета на Амбасадата на Албанија во Северна Македонија, каде беше пречекан од Амбасадорот, Неговата екселенција г. Денион Меидани. Средбата се одржа со цел да се испитаат можностите за натамошно зајакнување и продлабочување на соработката меѓу двете институции.
Во текот на разговорот, двете страни го истакнаа значењето на меѓусебната соработка на економски план и можноста за креирање заеднички проекти кои ќе придонесат за економски развој на двете земји. Амбасадорот г. Меидани потенцираше дека Амбасадата на Албанија е подготвена да даде целосна поддршка во унапредувањето на проектите кои ќе ги подобрат економските врски меѓу Албанија и Северна Македонија.
Од друга страна, Претседателот на СКСЗМ, г. Qyra нагласи дека Комората е посветена и на унапредување и развој на економските односи меѓу бизнисите на двете земји, служејќи како платформа за поврзување на албанските бизнисмени и оние од Северна Македонија.
На оваа средба беше оценета и важноста од зголемување на регионалната соработка во Западен Балкан, како начин за промовирање на одржливиот економски развој и подобрување на деловната клима во двете земји. Двете страни се согласија дека континуираниот дијалог и соработка се од суштинско значење за реализација на заедничките цели.
Оваа средба претставува важен чекор кон зајакнување на врските меѓу економските институции на двете земји, каде што преку отворен дијалог и размена на искуства се настојува да се зајакнат патиштата на интеграција и заеднички економски просперитет.