Претседателот на СКСЗМ г-дин Неби Хоџа учесник во “2021 Prespa Forum Dialogue”

Претседателот на СКСЗМ г-дин Неби Хоџа денеска беше учесник во “2021 Prespa Forum Dialogue”, каде се дискутираше за темата: „На патот до подобро поврзан и интегриран регион”.
Меѓу другото, Хоџа истакна дека треба да се започне заедничка борба против организираниот криминал, зајакнување на институциите, но и воспоставување на силни професионални и пријателски односи меѓу институциите на земјите од регионот, додавајќи го тука и усогласувањето на царинските тарифи помеѓу земјите.
Тој додаде дека е неопходна соработка за систематско решавање на заедничките проблеми во земјите од Западен Балкан.
СКСЗМ во секој случај ги презентира барањата и потребите на бизнисот во земјата, докажувајќи ја титулата како најдобар заштитник на интересот на локалната економија.