Претседателот, г-дин Qyra и претставници на СКСЗМ учествуваа на економската конференција „Економијата ја спасува Долината“
На Економската конференција „Економијата ја спасува Долината“, која ја организираше Унијата на бизнисмени – Визија ПМБ, се собраа политичари и бизнисмени од повеќе од 20 земји во светот. Овој значаен настан опфати голем број угледни гости, меѓу кои Амбасадори, Претседатели на Стопански Комори, Претставници на деловни мрежи и локални и централни институции од Прешевската Долина , како и претставници од Албанија, Косово и Северна Македонија.
На овој настан присутни беа претседателот на СКСЗМ, г. Qyra, претседател на Сеалбанскиот економски форум, г. Фејзи, почесниот претседател на СКСЗМ, г. Даути, претседател на Собранието на СКСЗМ г. Ејупи, како и претставници на Управниот Одбор и компаниите членки на СКСЗМ, кои ја понудија својата поддршка и соработка.
Отворањето на овој настан го направи Претседателот на Унијата г. Џелал Мемети, кој го опиша едногодишниот пат на оваа организација. Притоа, беа презентирани и приоритетни програми и проекти кои се планира да се реализираат во иднина.
Стопанската Комора на Северо Западна Македонија продолжува да игра клучна улога во поддршката на иницијативите за економски развој, зајакнување на регионалното партнерство и создавање мостови на соработка меѓу локалните и меѓународните бизниси, за да придонесе за поодржлива иднина на земјата.