Презентација на извештајот од „Петта годишна проценка на деловното опкружување во Северна Македонија“ и церемонија на затворање на проектот

Денеска се одржа презентација на резултатите од петтото Годишно истражување за деловното опкружување во Северна Македонија организирано од проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива што го спроведува ЕПИ ЦЕНТАР во партнерство со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија и Сојуз на стопански комори. Презентацијата исто така вклучи анализа на набљудуваните трендови и промени во деловното опкружување во изминатите пет години. Истовремено, на настанот се одбележаа и успесите на проектот кој завршува на 31 декември 2020 година.

На настанот се обратија г-дин Дриљон Исени, извршен директор на Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) и сегашен претседател на Платформата за јавно-приватен дијалог, г-дин Љубомир Димовски, директор на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, и г-дин Ерик Јановски, Претставник на УСАИД за Северна Македонија. Наодите од истражувањето  ги презентира консултантот г-дин Влатко Данилов.

„Фактот дека сите ние сме тука за да го одбележиме успехот на проектот, дури и за време на оваа тешка ситуација, кажува за нашата определба дека целта на проектот мора да биде исполнета и покрај пречките што ги наидовме на патот. Со помош на УСАИД Северна Македонија, за прв пат во историјата на земјата, четирите најголеми стопански комори се обединија, имајќи унифицирани позиции, со цел заштита на интересите на бизнисите. За прв пат, со ваква платформа предводат стопанските комори, а не Владата, и овој факт претставува голем успех за екосистемот на стопанските комори, но исто така ја докажува и институционалната зрелост на Владата. Она што не прави горди како Комори и партнери на овој проект е фактот дека за прв пат му дадовме можност на деловниот сектор да ги открие своите проблеми пред Владата и релевантните институции. И покрај истото, големо достигнување е што ние како комори преку Платформата го започнавме овој дијалог, предизвикувајќи крај на ерата на „ембарго“ на државните институции кон деловни субјекти„ –  се изрази Дриљон Исени.

Заклучоците и препораките од анализата ќе бидат доставени до надлежните институции преку Платформата за јавно-приватен дијалог, составена од четирите горенаведени стопански комори. Целта е да се создадат мерки насочени кон подобрување на деловната клима и справување со влијанието на пандемијата КОВИД-19 преку поддршката на владата за приватниот сектор.