Представници на СКСЗМ во средба кај г-дин.Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот за економски прашања
Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија ги застапува бизнисите и секогаш се обидува нивните барања да ги реши на најдобар можен начин.
СКСЗМ ја цени високо соработката со државните институции, во овој случај со Владата на Република Северна Македонија каде што денеска претседателот на СКСЗМ г-дин Неби Хоџа и други претставници од СКСЗМ го посетија денеска г-дин.Фатмир Битиќи – Заменик на Претседателот за економски прашања за да му честитаат за новата функција, посакувајќи му успех и верувајќи дека комуникација и соработката меѓу државните институции и деловниот сектор ќе продолжат во овој дух на соработка.
СКСЗМ има за цел да стане водечка организација во застапување на деловните интереси на компаниите, како и создавање поволно опкружување за развој, кој развој може да се постигне во соработка со државните институции.