По напорите на СКСЗМ, се предлага укинување на ПЦР-тестот за слободно движење со соседните земји
СКСЗМ, врз основа на реалните потреби на бизнисот и економијата, во согласност со епидемиолошките индикатори, за значителен период предложи укинување на задолжителниот ПЦР тест за слободно движење на граѓаните во соседните земји, Косово, Србија и Црна Гора.
Покрај низата предложени економски мерки, СКСЗМ за време на состаноците со локалните министри и министерот за здравство на Република Косово, го претстави предлогот за отстранување на бариерата за слободно движење на граѓаните во соседните земји.
Тргнувајќи од разумноста на предлогот на СКСЗМ, Комисијата за инфективни болести при Министерството за здравство на РСМ, денеска до Владата ја испрати предлог-одлуката за отворање на границите со Република Косово, Црна Гора и Србија.
СКСЗМ секогаш ќе лобира во интерес на граѓаните и на економијата воопшто, за
надминување на пречките што ги засегаат граѓаните и бизнисите што таа ги застапува.