Платформата за Јавен-Приватен диалог како одговор за барањата на бизнисот
Денес во просториите на СКСЗМ извршниот директор г-дин Дриљон Исени ја предаде Платформата за јавен-приватен дијалог до Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ. Дел од оваа платформа се четирите најголеми стопански комори во земјата: Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, Стопанската Комора на Македонија, Стопанската Комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Сојуз на Стопански Комори, каде работат за потребите на деловниот сектор.
Платформата за јавно-приватен дијалог е создадена како одговор на потребите и барањата за застапување на компаниите во Владата на Република Северна Македонија за подобрување на деловната клима и учество во процесот на усвојување на нови законски решенија и примена на најдобрите решенија за тековните закони што се однесуваат за компаниите, особено во периодот на пандемија, кога потешкотиите и проблемите со кои се соочува деловниот сектор се големи.
Со раководството на оваа платформа, СКСЗМ заедно со другите партнери овозможува гласот на бизнисот да се слушне и да се создаде соодветна клима за вршење активности. СКСЗМ има за цел да стане водечка организација во застапување на интересите на деловните субјекти и создавање погодна средина за развој.
Сите ваши проблеми можете да ги адресирате на нашата е-адреса: info@oemvp.org
Ви благодарам за соработката!
Со почит,
Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија