СКСЗМ-15 Години, Обраќање на Претседателот Неби Хоџа !

Секоја организација и институција е посебна во својата внатрешност, врз основа на тоа што се решени да го сторат, додавајќи ги тука и причините за нивното постоење. СКСЗМ, од нејзиното основање во 2005-та година, 15 години по ред го научи општеството како се постигнува непрекинат раст, кога врз своите рамења носи сеопфатна чесна мисија.

Бизнисите предводени од албанците се уникатни примери не само во Северна Македонија, туку нејзините зраци од посебен тип ги надминаа сите географски граници, кои за многумина беше и останува инспирација. Имајќи ги во предвид тогашните временски, социјални и економски околности, како и тие политички, бизнисите предводени од албанци во тогашната Југославија и Македонија, биле подложени на неправеден третман на селективен пазар со двојни стандарди. Додека многу денешни бизниси кои во тие периоди ја поминаа и транзицијата на приватизацијата, ние денеска се гордееме со достигнувањата на нашите компании кои не претставуваат ништо помалку од резултат на жртвување и непрекината работа спроти сите пречки и измами со кои се имаат соочено во тоа време.

Кога бизнисите предводени од албанци почнаа да ja земаат нагорницата, но и димензијата на која припаѓаа од многу одамна, тогаш се појави идејата и желбата да се создаде институција што ќе биде старател и водач за бизнисите во земјата, а 2005-та година беше токму таа година кога се случи и основањето на ваквиот вид на институција. На деловната сцена се појави Стопанска Комора на Северо-Западна Македонија, која беше поддржана главно од бизнисите предводени од албанци во земјата, преносувајќи ја пораката дека нашите бизниси силно се организираат со цел да ги добијат правата и привилегиите кои им припаѓале, а од кои претходно биле лишени. Промовирањето на нашата активност одекна и за многу брзо време СКСЗМ стана синоним за она што некогаш беше мит, кој гласи „Релевантна институција на Албанците во Македонија“. Активностите, лобирањето и влијанието на Комората во земјата, во политичките одлуки кои влијаат врз бизнисите започнаа да бидат дел од секојдневниот живот на јавноста. Многу закони и подзаконски акти беа изменети како резултат на работата на Комората во областа на укажувањето помош на бизнисите и бизнисите предводени од албанци во земјата веќе имаат адреса каде можат да тропнат за помош и поддршка.

Преземањето на раководството како претседател беше привилегија и чест што ми ја дадоа членовите и управниот одбор. Не е лесно да се биде наследник на двајца многу успешни претседатели како што е г. Џемаил Даути и г. Мендерес Кучи. Товарот и одговорноста која ја носам врз своите рамења беше тешка затоа што самите почетоци на Комората беа свети и нејзиното основање беше ексклузивно за колективни права и интереси на бизнисите, кои од тогаш до денес, но и во иднина продолжуваат да остануваат исти.

Денес, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија застапува околу 2000 бизниси кои доаѓаат од сите сектори и категории, од сите региони во земјата, особено од областите со етничко албанско мнозинство, но со тенденции да нe занемаруваат никого. СКСЗМ претставува локомотива на промоција на бизнисите, но исто така и за заштита, стимулирање, подобрување на економската насока во земјата.

Како дел од нашата дејност, ги повикуваме сите бизниси, независно од кој сектор доаѓаат, независно од големината и дејноста, да се приклучат на караванот на СКСЗМ. Да растеме како бизниси и паралелно како институција со цел да ја реализираме нашата визија како бизнисмени, но и да ја исполниме нашата одговорност како бизнис кон општеството.

Оваа година е јубиларна година за Комората затоа што ја претставува 15-годишнината од основањето на нашата институција, додека сите овие години се и ќе останат мемоари кои ќе сведочат за успесите и резултатите што произлегоа од жртвата направена од сите членови на Комората, па без двоумење Би сакал да изразам благодарност и да им се заблагодарам на основачите за добрата волја што ја донесе Институцијата до оваа фаза каде што е денес.

Би сакал изразам благодарност кон членството што ми дадоа доверба да продолжам со уште еден мандат како претседател, уверувајќи ги дека овој мандат ќе биде успешен и плоден. Исто така, би сакал да изразам благодарност до Извршната канцеларија на Комората предводена од директорот Дриљон Исени, кои не штедеа ништо од нивната енергија и време за Комората и исто така одговорија на секој повик и потреба со најголем ентузијазам.

„Бевме неправедно тестирани со цел да ни ги откријат нашите слабости, тоа резултираше во откривање на силата и довербата што беше под урнатините на занемарувањето“.

Ви ја честитаме 15-годишнината на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија.

Претседател, Неби Хоџа