Петнаесет години СКСЗМ
Оваа година нашата институција означува 15 години постоење и истовремено 2020-та година ја прави јубиларна за членството, партнерите и пријателите на СКСЗМ. За институции од оперативни големини како што е СКСЗМ, 15 години не претставуваат долг период, но ако гледаме од агол на успесите, развојот и брзиот раст зголемување, како и зголемување на влијанието како институција во земјата, тогаш станува лесно да се разбере дека овие 15 години се натоварени со успех и беа доволни за нашата Комора да направи позитивни промени врзопштеството и бизнисите.
Со оглед на природата на генетиката на СКСЗМ, која е постојано подобрување и унапредување, СКСЗМ се стреми кон уште подобраиднина,, а со тоа да го прошири својот делокруг на активност, да го зголеми своето членство, да ги зголеми услугите што ги нуди, како и да продоли со истата лојалност што ја има Комората кон нејзините компании-членки.
Затоа, СКСЗМ во текот на оваа година ќе реализира различни активности со кои ќе се означи оваа јубиларна година, т.е 15-та годишнина на СКСЗМ.
Сакаме да им се заблагодариме на сите членки на СКСЗМ, институционалните партнери, некогашните и сегашни членови на извршната канцеларија,, за нивниот даден придонес за оваа институција да се етаблира како релевантна и сериозна институција.
Посебна благодарност им упатуваме и на основачите на Комората, кои не штедеа ништо од себеза создавањење и унапредување на институцијата.
Ви благодариме!