Партиите со големи ветувања за реализација на капиталните инвестиции

„Точно е дека политичките партии честопати ветуваат многу во своите предизборни програми, без да имаат длабинска анализа за тоа колку реално можат да се спроведат тие проекти, без разлика дали се капитални проекти или разни даночни форми.

Дефинитивно, новата влада која ќе излезе од овие избори мора да испланира се за долг временски период и да ветува помалку, затоа што последиците, односно тешкотиите од коронавирусот ќе се појават во наредниот период и ќе треба да управуваат со последиците што ги предизвикала  пандемиската криза “, вели за Радио Слободна Европа Дрилон Исени, директор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија.