Одржана е средба меѓу СКСЗМ и МНРНТ. Дискусија за можностите за соработка за стимулирање на извозот
Во просториите на Стопанската комора на северозападна Македонија, извршниот директор г. Зеќири ги пречека на средба претставниците од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, со цел да се разговара за можностите за соработка со компаниите членки на Комората.
Г-дин Зекири ја презентираше работата и динамиката на Комората, истакнувајќи некои од клучните стратешки точки во рамките на Платформата за економски развој на РСМ. Беше нагласена важноста од доволна и квалификувана работна сила, со разновидна и развојна економија која го спречува иселувањето, каде во таа насока, СКСЗМ гласно има предложено конкретни мерки за спречување на овој феномен. Се разговараше и за компаниите членки на Комората кои извезуваат во странство, придонесувајќи за економската благосостојба на Северна Македонија.
Советникот на Дирекцијата за економска и јавна дипломатија, г. Драганчо Апостоловски изрази дека се подготвени заедно со други претставници на Министерството да соработуваат со компаниите кои извезуваат, за да можат да се промовираат на меѓународните пазари, но и да придонесе за намалување на трговскиот дефицит кој во 2024 година изнесува 3.281,2 милиони евра или покриеноста на увозот со извоз, кој е на ниво од 70,3%.
СКСЗМ останува посветена на зајакнување на соработката, со цел создавање поефективни политики за економски развој, зголемување на конкурентноста и промовирање на извозот на странските пазари.