Обука на тема ”Преговори во бизнисот”

Во рамките на Пост Ковид-19 трансформативната програма на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, поддржана од проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, денеска се оддржа последната обука на тема “преговарање во бизнисот”. На обуката беа присутни компаниите дел од програмата, професионалниот обучувач г-дин Љуљзим Адили и претставници од СКСЗМ, кои беа вклучени во делот на дискусијата со компаниите.

За време на оваа обука, учесниците се запознаа одблиску со процесите на преговарањето. Тоа е аспект од кој зависи успехот на целиот бизнис. Исто така, многу е важно при преговарање да успееме да склучиме договор со што ќе отвориме простор за работа на компанијата. Способноста да се испреговара за поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на компанијата. СКСЗМ секогаш ќе им стои на располагање на компаниите, со тоа што секогаш ќе им помогне да се трансформираат и да продолжат со успешните тековни работења.