Нов Образец-Дозвола за време на полициски час

Почитувани членки,
Во врска со Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба објавена во Службен весник на РСМ бр.104/2020 од 17.04.2020 година и Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија објавена во Службен весник бр. 107/2020 од 22.04.2020. со која се забранува движење на територијата на Република Северна Македонија од понеделник до петок во временски период од 19:00 часот до 5:00 наредниот дени во времески период од 15:00 часот во сабота, до 5:00 часот во понеделник, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID -19 и заштита на населението на Република Северна Македонија, заради потребата од одржување на континуитет на работниот процес и организацијата на работата на компанијата, на Седмиот состанок на Главниот координативен кризен штаб, одржан на 22 март 2020 година беше пропишан образецот за издавање на Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа.

Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компанииво времетраење на полицискиот час, потребно е образецот да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице. Дозволата за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа може да биде издадена за повеќе работни денови.

Воедно, ги потсетуваме правните лица на законската обврска за пријава на сменска и ноќна работа до Државен инспекторат за труд, односно должни се да ја известат инспекцијата на трудот (Државен инспекторат за труд).

Потребно е економските оператори што имаат производствени капацитети да го прилагодат своето работно време согласно полицискиот час.

Во прилог може да го најдете новиот образет за дозвола за време траењето на полициски час:

НОВ Образец Дозвола за време на полициски час 22.04 (1)