На вториот ден на GAGF се одржа и панелот „Германскиот пазар, потенцијал за земјите од Западен Балкан„. Говорник беше и Претседателот Мendi Qyra
Саемот за гастрономија „Global Albanian Gastronomy Festival“, во организација на г. Астрит Панџа, е важен настан кој се одржува во Берлин, Германија. Овој саем нуди одлична можност за компаниите и претприемачите заинтересирани да ја прошират својата мрежа и да создадат нови меѓународни врски. Со учество на претставници од различни индустрии од целиот свет, овој настан создава идеална платформа за нови соработки, додека токму тој концепт долго време им недостасуваше на нашите бизниси.
На вториот ден од овој значаен настан, на панелот за дискусија на тема „Германско-говорното пазар, потенцијал за земјите од Западен Балкан“, меѓу другите говорници беше и Претседателот на Стопанската Комора на Северо Западна Македонија (СКСЗМ), г. Qyra.
Во својот говор, г-дин. Меndi Qyra ја истакна важноста на европските интеграции кои им овозможуваат на нашите бизниси полесен и директен пристап до странските пазари, што целосно го заокружува секој концепт на економски развој со вклучување во европското семејство. Г-дин Qyra го потенцираше предизвикот со кој се соочуваат земјите како Северна Македонија во зголемувањето на конкурентноста и продуктивноста, истовремено зборувајќи и за важноста на трговските односи со Германија, нагласувајќи дека таа е главен трговски партнер на Северна Македонија, со над 40% од извозот насочен кон оваа земја. Сепак, тој ги спомена и предизвиците поврзани со исполнувањето на европските стандарди за квалитет, безбедност и административна бирократија кои ги отежнуваат трговските процеси меѓу двете земји.
Претседателот, г. Qyra изјави дека овој саем претставува важен чекор кон зајакнување на економските и културните односи меѓу нашите земји и меѓународните пазари, создавајќи мост на соработка за натамошен економски развој на Западен Балкан во глобален контекст.
Во истиот панел говорници беа и Претседателот на Сеалбанскиот економски форум, г. Нагиб Фејзи, г. Скендер Џакалиу – поранешен амбасадор на Република Косово во Германија и г. Гафар Вејсели – Претседател на Бизнис Клубот Германија – Северна Македонија. За тежината на овој величествен саем придонесоа и шефовите на држави како Република Косово, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Германија итн.