Меѓународна конференција „Бизнис ангелите и претприемачкиот екосистем во Северна Македонија: Можности и предизвици“

18.09.2024 година, Скопје – Претседателот Qyra беше поканет како панелист на меѓународната конференција организирана и финансирана од Европската Унија и Министерството за економија и труд „Бизнис ангели и претприемачки екосистем во Северна Македонија: Можности и предизвици“.

Во рамките на Проектот „Корпоративна општествена одговорност и бизнис ангели – движечка сила за развој на приватниот сектор“, претседателот Qyra беше говорник на првиот панел за дискусија на тема „Идентификување на потребите на политиките за зголемување на инвестиции на ангелите, во Северна Македонија“, заедно со другите панелисти, г. Таки Фити, г. Бранко Азески и г. Игор Маџов.

Претседателот Qyra истакна дека локалната власт треба да биде понезависна во делот на фискалниот систем, и дека треба да се дозволи да се собираат повеќе даноци, а даноците што ги добива централната власт да се користат за инфраструктура. Во меѓувреме, треба да се овозможи поефикасен пристап до финансии, поточно грантови за компаниите, кои сметаме дека се неопходни за стимулирање на деловни практики кои ќе придонесат за општеството.

Исто така, тој изјави дека Стопанските Kомори играат клучна улога во премостувањето на јазот меѓу традиционалните бизниси и иновативните старт-ап компаниите, создавајќи мост меѓу нив кој помага во економскиот развој на земјата. Преку поддршка и вмрежување, тие ја забрзуваат трансформацијата на традиционалните бизниси и развојот на иновативни старт-ап компании. Еден од главните начини е да се обезбеди обука фокусирана на технологија и иновации, кои им помагаат на традиционалните бизниси да бидат современи.

Претседателот Qyra понатаму додаде дека во следниот период, старт-ап компаниите треба да придонесат за економска диверзификација, носејќи го она што постојните компании не беа во можност да го направат, со што ќе го донесат технолошкиот напредок на пазарот и дигитализацијата, и ќе ја забрзаат економската активност.

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија игра важна улога во подигнувањето на свеста за вредноста што иновативните стартапи ја носат на пазарот, нудејќи платформи за поддршка и развој на новите бизниси.