Мерки и заклучоци од седницата на Владата
Дел од одлуките на 46-тата седница на Владата, поврзани со ситуацијата со коронавирус- COVID19:
На 46-та седница Владата на Република Северна Македонија ја донесе Уредбата за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба. Со оваа уредба се продолжува рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 како и за плаќање на данокот на додадена вредност, за периодот од 01.02.2020-29.02.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година, исто така и за периодот 03.2020-31.03.2020 и за период 01.01.2020 – 31.03.2020 година, заклучно со 30 април 2020 година. Со уредбата се продолжува и рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 и за плаќање на данокот на додадена вредност за период 01.04.2020-30.04.2020 година, заклучно со 31 мај 2020 година;
Владата денеска донесе одлуката со која се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) при што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека одреден процент од овие средства остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар;
Владата на оваа своја седница донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба се утврдува дека ограничувањата важат за месеците април и мај.
Повеќе за мерките и заклучоците на ова седница може да најдете во долунаведенито линк: