Локални избори и интересот на деловниот сектор – СКСЗМ одржa состанок со политичката партија ВМРО-ДПМНЕ
Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија на состанок ги прeчека претставниците на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Имајќи предвид дека оваа година, покрај борбата против кризата предизвикана од Ковид 19, ќе се оддржат и локални избори 2021. Со оглед на фактот дека СКСЗМ во принцип има професионален и еднаков пристап кон сите политички субјекти, како и со оглед на традиционалните средби што нашата комора ги одржува со партиите пред изборите, денес се одржа средбата со партијата ВМРО-ДПМНЕ, на која присуствуваа нејзиниот лидер и уште 3 други претставници.
Целта на овој состанок беше да се дискутираат важни прашања што водат кон подобрување на бизнис климата, надминување на кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19 но и други важни прашања поврзани со локалната самоуправа кои влијаат врз бизнисот.
Традиционално ние како Комора секогаш кога се планираат избори, одржуваме средби со политичките партии, представувајќи ги нашите програми и идеи со цел да се постигне побрз економски раст и развој. Во работата што ја вршиме се базираме на вредностите и принципите како што се: транспарентност, партнерство, трајност и еднаков пристап-вели претседателот на СКСЗМ, г-дин Неби Хоџа.
Ваквите состаноци докажуваат дека СКСЗМ е принципиелен во својот пристап и дека секој субјект што може и е заинтересиран да придонесе за економскиот развој на земјата ќе најде партнерство во СКСЗМ.