Конференција: “Жените и нивната економска сила”
Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија учествува на конференцијата организирана во Елбасан на тема „Жените и нивната економска моќ во регионот на Елбасан“, претставена од извршниот директор Дриљон Исени. Оваа конференција се одржува во рамките на „Проектот за развој на мали претпријатија за жените во прекуграничната зона“.
СКСЗМ, како легитимен претставник на бизнисите, како стратешка определба ја има и вклученоста на жените во бизнисот и во нејзините рамки постои Групација на Жени претприемачи. СКСЗМ секогаш го поддржува женското претприемништво и бројните иновации во оваа област и има за цел да ја зајакне и промовира позицијата на жените во општеството.
Во рамките на Групација на Жени претприемачи, бизнисите предводени од жени можат да станат членки на СКСЗМ и да имаат голем број придобивки, како што е бесплатно членство, кое овозможува и придонесува за соработка и вмрежување помеѓу другите компании членки на Комората.