Компаниите членки на СКСЗМ ја докажуваат својата социјална одговорност
Делегација од страна на СКСЗМ, на чело со Претседателот на комората, г.Неби Хоџа, ја посетија компанијата членка Металекс. Оваа компанија е фабрика за производство на метални конструкции и други метални производи. Претпријатието е формирано во 1997 година во Тетово. Уште од своето основање, почнаа и успесите на оваа компанија, кои се карактеризираат со количината и квалитетот на производите, видот на асортиманот и целосното исполнување на барањата и потребите на клиентите.
Целта на денешната посета беше да и се даде благодарност на оваа компанија за нејзиниот придонес и помош за семејствата на жртвите од земјотресот во Република Албанија. Исто така, СКСЗМ им честита за успешната работа и исто така им се заблагодари и на вработените во оваа компанија што во рекордно време направија кревети изработени од метал за да им помогнат на жртвите во Република Албанија. Оваа акција на компанијата нека биде пример за сите други компании за тие секогаш да придонесат за подобрување на социјалната благосостојба. СКСЗМ високо го цени придонесот на деловните субјекти за поддршка на луѓето, заедниците и околината преку нивната социјална одговорност.