Компаниите членки на СКСЗМ со инвестиции во секое време
ЕКОШАР, компанија членка на СКСЗМ и истовремено една од нејзините основачи, денес потпиша договор за кофинансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, вреден 1,8 милиони евра од програмата ИПАРД. Станува збор за инвестиција во вкупен износ од 3,2 милиони евра, што ќе се изврши во млекарницата на компанијата ЕКОШАР во Алданци, општина Крушево.
СКСЗМ секогаш ги стимулира своите членки да аплицираат во разните повици кои нудат државна финансиска помош преку различните инструменти, обезбедувајќи им информации за нив преку информаторот ДОБИА.