Компаниите членки на СКСЗМ продолжуваат да се шират
Компанијата членка на СКСЗМ BE-Da Express продолжува да се шири со отворање на друга поштенска база во градот Тетово, каде што можат да се достават и подигнуваат разните пратки. Секоја личност и бизнис заслужува поштенска услуга на највисоко ниво, особено во овој период на различни предизвици. Услугите на оваа компанија се обезбедуваат со професионализам, навремено и со висок квалитет.
СКСЗМ ви посакува успех во работењето како и создавањето на широка мрежа на клиенти и партнери задоволни од вашите иновативни услуги!