Членката на СКСЗМ Книжарницата НОБЕЛ отвори во Скопје ново продажно место

На градот Скопје долго време му недостасуваше книжарница што нуди книги на албански јазик. Оваа празнина оваа година се пополни  со отворање на првата книжарница од ваков вид. Членките на СКСЗМ продолжуваат да докажуваат претприемачки дух и да инвестираат за подобро задоволување на потребите на граѓаните во земјата и покрај тешката состојба што ја донесе пандемијата.
Долгогодишен член на семејството СКСЗМ, Нобел- Тетово отвори продажно место во Скопје, нудејќи голем број книги со модерен и пријатен амбиент.