Исени: Владата треба да се фокусира на среднорочните планови за борба против економската рецесија

Дрилон Исени, извршниот директор на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија,, изјави за Порталб.мк дека за време на пандемијата бизнисите, побарувачка за услуги и одредени специфични производи имаат пад . Ова дополнително ја влошува деловната клима и локалната економска активност. Државата мора да ја игра улогата на заштитник на економијата со изготвување мерки во согласност со суштинските потреби на деловниот сектор. Секоја одлука донесена од државата мора да биде добро пресметана. Сè мора да биде добро избалансирано. Според него, микро и малите бизниси членки на СКСЗМ бараат олеснување на мерките за слободно движење пропорционално со позитивниот развој на пандемиата. И дека владата треба да се фокусира на среднорочните планови за борба против економската рецесија, да заштеди работни места и дека треба да се воспостави економска програма за да се справи со економската криза предизвикана од пандемијата.

За повеќе во долунаведениот линк:

Iseni: Qeveria duhet të fokusohet në plane afat mesme të luftës kundër recesionit ekonomik