Инфо-сесија за презентација на ИПАРД инструментот
Како дел од активностите предвидени со годишниот план на СКСЗМ, денес беше организирана онлајн инфо-сесија за презентација на ИПАРД инструментот пред компаниите членки на Комората. СКСЗМ им помага на своите членки да донесуваат одлуки засновани врз претходна анализа, со цел да се намали ризикот од несакана загуба на средства, истовремено обезбедувајќи квалитетна услуга од областа на финансиите, изготвување деловни и стратешки планови, подготовка на потребната документација за апликација во програмата ИПАРД како и пристап до фондови. Оваа инфо-сесија беше реализирана во соработка со компанијата членка на Комората, Business Ten Solution.