Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин Дриљон Исени поканет во EURONEWS Албанија, каде се разговара за загубите кои ги имаат претрпено бизнисите

Извршниот директор на СКСЗМ, г-дин Дриљон Исени беше поканет во EURONEWS Албанија, каде се разговара за загубите кои ги имаат претрпено бизнисите во Северна Македонија во период на пандемијата на COVID19.
СКСЗМ секогаш високо ја цени соработката со државните институции и има за цел да создаде стабилно партнерство со нив. Врз основа на тоа, СКСЗМ досега има испратено дописи до Владата на Република Северна Македонија, предлагајќи реални економски мерки за деловниот сектор, со цел да се елиминира штетата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, што не ја заобиколи и економијата на земјата. Во овој период, група на бизниси претрпе поголеми загуби, додека друг дел помали загуби, но во целина од ова се засегнати сите бизниси.
„Бизнисите што претрпеа најголеми загуби се од секторот на хотелиерството, гастрономијата, секторот транспорт како директно засегнати индустрии, додека аптеките, ИТ компаниите се помалку засегнати, т.е индиректно.
“Владата ја покрива бруто платата на ниво од 60%, а не 80% како што се бара, исто така мерките може да се наречат селективни, така што има ограничувања за тоа кој е вклучен во оваа субвенција “ – вели г. Исени. Затоа, СКСЗМ секогаш ќе настојува да биде како коректор на економските политики преземени од државата и секогаш ќе се обиде да создаде поповолни услови за водење бизнис во земјата.
За горенаведените точки и повеќе следете го видеото подолу!