Home / Вести / Последни вести / Извршниот директор на СКСЗМ, Дриљон Исени, престојува во официјална посета на Швајцаријa

Извршниот директор на СКСЗМ, Дриљон Исени, престојува во официјална посета на Швајцаријa

Извршниот директор на СКСЗМ, Дриљон Исени, престојува во официјална посета на Швајцаријa

Извршниот директор на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, г. Дриљон Исени, престојуваше во тридневна официјална посета на Швајцарија. На маргините на оваа посета, директорот ја посети и компанијата -членка на Комората, Амбрела, која долги години е лојален член на СКСЗМ. За време на оваа средба сопственикот на компанијата г. Сами Мустафа и г. Дриљон имаа можност да разговарат за различни прашања поврзани со функционирањето на бизнисот и да изразат мислења, ставови, лични искуства и исто така да ја зголемуваат меѓусебната соработка, се во служба на колективниот интерес на бизнисите претставени од Комората.
СКСЗМ има мисија да напредува, да ги штити интересите и да ги промовира бизнисите дома и во странство, заедно со предизвиците на глобалната конкуренција, и по многуте бизниси посетени од СКСЗМ, сега е време да се посетат и нашите компании членки кои дејствуваат вo Швајцарија.